Свекрвин колач
Recipe byТемно тесто
600 грама брашно
200 грама маргарин
200 мл. млеко
350 грама шеќер
1 прашок за печиво
2 супени лажици какао
Фил
1 литар млеко
3 кесички (120-150 грама) пудинг од ванила
14 супени лажици шеќер
250 грама маргарин
200 грама шеќер во прав
сок од еден лимон
Глазура
150 грама чоколадо за готвење
5 супени лажици масло
Prep. Time → 20 min
Cook Time → 8 min
1. Чекор 1: Започнуваме со подготовка на кафеавото тесто. Измешајте ги брашното, маргаринот, млекото, шеќерот, какаото и прашокот за печиво, па измесете рамномерно тесто. Поделете го на 2 дела, ќе ви бидат потребни за 2 еднакви кори. Расукајте парче од тестото и натапкајте го во плитка тава за печење во рерна, а може да го печете и на превртена тава. Печете ја секоја кора по 7-8 минути на 200 степени. Внимавајте, ова е бисквитно тесто и ако го препечете ќе биде тврдо и ронливо.
2. Чекор 2: За подготовка на светлата пандишпан кора најпрво изматете ги јајцата, шеќерот, па додајте го брашното и прашокот за печиво. Печете во истата тава, 8 минути на 200 степени, или додека чепкалката да излезе чиста.
3. Чекор 3: Додека се ладат корите, подгответе го филот. Сварете го пудингот во топлото млеко, заедно со шеќерот и оставете го да се излади. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Потоа додајте го изладениот пудинг и матете ги заедно, а на крај и сокот од лимон и сè добро изматете за да добиете мазен крем.
4. Чекор 4: Подгответе ја чоколадната глазура така што на тивок оган ќе го стопите чоколадото заедно со маслото. Маслото и дава еластичност и сјај на глазурата.
5. Чекор 5: Време е да ги споиме сите елементи. Прво ставете една од корите со какао, па премачкајте ја со фил, над неа ставете го жолтиот пандишпан и повторно филот. На крај ставете ја и втората кора со какао и премачкајте со тенок слој од преостанатиот фил. Најгоре рамномерно премачкајте ја глазурата и декорирајте со чоколадни трошки.
6. Чекор 6: Оставете го колачот неколку часа да се спојат елементите, а уште подобро е да го сервирате наредниот ден. Сервирајте го колачот на чинија и украсете со чоколадни трошки или шеќерна декорација по желба.
desserts September 27, 2013 11:07
No comments yet.