Макарони со сос
Receta por- 400 грама макарони
- 500 грама мелено месо
- 1 кромид
- 2 моркови
- 1 голем страк целер
- 1 главица лук
- 1 чаша црвено вино
- 4 супени лажици доматно пире
- 300 грама моцарела
- сол и бибер
T. Preparacion → 30-60 min
T. Cocinado → 15 min
1. Чекор 1: Време е за сечкање: Ситно исечкајте ги морковите бидејќи на нив ќе им треба повеќе време да омекнат отколку на останатите состојки. Исто така, исечкајте го и кромидот, лукот и целерот.
2. Чекор 2: Состојките ставете ги во експрес лонецот заедно со месото, доматното пире, виното, макароните, солта и биберот и покријте ги со вода. Доволно е да ставите вода колку да ги покриете состојките бидејќи премногу вода ќе го направи сосот поредок.
3. Чекор 3: Затворете го лонецот и вклучете на највисока температура. Кога ќе се подигне црвениот индикатор, намалете на ниска или средна температура и оставете да се готви 15 минути. Ние готвиме на ниска температура.
4. Чекор 4: Ослободете го притисокот и можете да го отворите капакот. Иако Рагу-то се вари заедно со макароните, за комплетен вкус, откако ќе биде готово ставете во тавата за печење и врз него ставете парчиња моцарела, па потпечете ги во рерна неколку минути.
5. Чекор 5: Послужете го ручекот и имате оброк за целото семејство.
September 27, 2013 11:10
Autor moirecepti.mk/post/makaroni-ra...
A nadie le ha gustado esta receta.
No hay comentarios todavía.