Пржен бурек
Receta porСостојки
* 250 гр готови кори
* малку масло
* тава со дијаметар 24 см
* Фил од месо
* 250 гр мелено месо
* 2 главици кромид
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка мелен бибер
T. Preparacion → 60 min
T. Cocinado → 40 min
1. Овој бурек се припрема многу брзо и едноставно, а по вкус не заостанува зад бурекот од бурекџилница. Објаснувањето изгледа долго, но всушност е многу едноставно.
Од 250 гр. кори се спрема еден бурек, а во рецептот е вклучена подготовка на два различни фила.
Подготовка на филот од месо
Исечете го ситно кромидот и ставете го на средно јак оган да се пржи во тава со малку масло. Кога ќе биде карамелизиран додадете го месото и зачините. Оставете да се пржи додека не испари течноста која ќе ја пушти месото.
2. Подготовка на филот за пица бурек
Шунката исечкајте ја на тенки стапчиња, кашкавалот изрендајте го, печурките исцедете ги од течноста и грубо исечкајте ги.
3. Подготовка на премазот
Изматете го јајцето и додајте ги маслото и млекото.
4. Редење на бурекот
Земете една тава за пржење (мојата е со дијаметар 24 см) и премачкајте ја со масло на дното и страните.
Секоја кора се премачкува со премазот со помош на поширока четка.
Прво ставете една кора така да ја покрива тавата, но и да излегува половина од кората надвор од тавата. Ставете друга кора исто така наместена на спротивната страна од тавата. Со деловите кои излегуваат на крај ќе го затворите бурекот.
Откако сте ги ставиле првите две кори и сте ги премачкале, сите следни кори се ставаат згужвани, на целата површина на тавата. Следи 1 кора, 1/3 од филот, две кори, 1/3 фил, 2 кори, 1/3 фил, 1 кора, па се затвара со корите кои излегуваа од тавата. На крај, горната површина се премачкува со премазот.
Најдобро е да ги изброите корите и да поделите како вам ви одговара. Битно е само на почетокот и карјот да завршите со една кора, а измеѓу може да ставате и по една или по две кори.
5. Пржење
Тавата се става на рингла да се пржи бурекот на средно јак оган. Мојот шпорет е гравиран до 9, а јас го пржев на 4,5. Се пржи едната страна од 7-10 минути. Со шпатула ќе го кренете бурекот и ако има убава боја, готов е и може да го свртите.
Најлесно се врти со помош на чинија која е доволно голема за бурекот. Откако ќе го превртите на чинијата, само излизгајте го назад во тавата и пржете ја и другата страна 7-10 минути или додека не порумени.
Кога е готов извадете го од тавата, оставете го да одмори 2-3 минути, исечете го.
segundos October 02, 2013 10:27
No hay comentarios todavía.