Свекрвин колач

0 piace 0 commenti Ricetta di Milena

Свекрвин колач di Milena - Recipefy
http://moirecepti.mk/post/svekrvin-kolac/

За ТЕМНО ТЕСТО ќе ви треба

* 600 грама брашно
* 200 грама маргарин
* 200 мл. млеко
* 350 грама шеќер
* 1 прашок за печиво
* 2 супени лажици какао

За СВЕТЛО ТЕСТО ќе ви треба

* 5 јајца
* 5 супени лажици шеќер
* 5 супени лажици брашно
* 1 прашок за печиво

За ФИЛ ќе ви треба

* 1 литар млеко
* 3 кесички (120-150 грама) пудинг од ванила
* 14 супени лажици шеќер
* 250 грама маргарин
* 200 грама шеќер во прав
* сок од еден лимон

За ГЛАЗУРА ќе ви треба

* 150 грама чоколадо за готвење
* 5 супени лажици масло

Preparazione → 15 min

Cottura → 60 min

1. Чекор 1: Започнуваме со подготовка на кафеавото тесто. Измешајте ги брашното, маргаринот, млекото, шеќерот, какаото и прашокот за печиво, па измесете рамномерно тесто. Поделете го на 2 дела, ќе ви бидат потребни за 2 еднакви кори. Расукајте парче од тестото и натапкајте го во плитка тава за печење во рерна, а може да го печете и на превртена тава. Печете ја секоја кора по 7-8 минути на 200 степени. Внимавајте, ова е бисквитно тесто и ако го препечете ќе биде тврдо и ронливо.

2. Чекор 2: За подготовка на светлата пандишпан кора најпрво изматете ги јајцата, шеќерот, па додајте го брашното и прашокот за печиво. Печете во истата тава, 8 минути на 200 степени, или додека чепкалката да излезе чиста.

3. Чекор 3: Додека се ладат корите, подгответе го филот. Сварете го пудингот во топлото млеко, заедно со шеќерот и оставете го да се излади. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Потоа додајте го изладениот пудинг и матете ги заедно, а на крај и сокот од лимон и сè добро изматете за да добиете мазен крем.

4. Чекор 4: Подгответе ја чоколадната глазура така што на тивок оган ќе го стопите чоколадото заедно со маслото. Маслото и дава еластичност и сјај на глазурата.

5. Чекор 5: Време е да ги споиме сите елементи. Прво ставете една од корите со какао, па премачкајте ја со фил, над неа ставете го жолтиот пандишпан и повторно филот. На крај ставете ја и втората кора со какао и премачкајте со тенок слој од преостанатиот фил. Најгоре рамномерно премачкајте ја глазурата и декорирајте со чоколадни трошки.

6. Чекор 6: Оставете го колачот неколку часа да се спојат елементите, а уште подобро е да го сервирате наредниот ден. Сервирајте го колачот на чинија и украсете со чоколадни трошки или шеќерна декорација по желба.

October 02, 2013 10:19

Nessuno ha aggiunto questa ricetta ai propri 'Mi piace'.

Ancora nessun commento.

Milena
No-user
25 anni
Kicevo, Macedonia